Двегодишен булдог, кој го носи името Thor’s God of Thunder или скратено Тор, ја заработи главната награда на Националната изложба на кучиња – 2019 година, а на натпреварот што се одржа во четвртокот на Денот на благодарноста учествуваа десетици раси на кучиња.
Тор победи речиси 2,000 кучиња од 194 раси, признати од американскиот кинолошки клуб (American Kennel Club). Емисијата, што се емитуваше на Ен-Би-Си, го покажа булдогот како влегува во арената Non-Sporting Group против 19 раси.
Со неговите симпатични набори на кожата на лицето и изгледот на Винстон Черчил, кучето ги освои срцата на судиите и навивачите – иако неговата селекција беше изненадување за неговиот дресер. Тој почна да се тркала по земја кога Тор беше прогласен за победник во сите категории.
„Ова е куче кое секогаш дава сè за мене “, Едуардо Париз, човекот кој се грижи за Тор, изјави за Ен-Би-Си по победата. „Го сакам ова куче и тој ми е сè“.
Победата на Тор е исто така голема победа за сите љубители на булдог – расата е петта најомилена и најпопуларна во САД повеќе од две децении, според американскиот кинолошки клуб.