Вработените во „Амазон” Германија на „црн петок” штрајкуваат заради плати

Вработените во центрите за дистрибуција на компанијата „Амазон” во Германија стапија денеска во штрајк со барање за зголемување на платите.

Со штрајкот на „црн петок”, еден од најпрометните и наважните денови за трговците во цела година, синдикатот „Верди” сака да изврши силен притисок врз управата со цел зголемување на платите.

„Верди” соопшти дека штрајкот почнал синоќа, во шест дистрибуциски центри во земјата, а одделни протести ќе траат до вторник.

Претставникот на синдикатот Орхан Акман истакна дека вработените во „Амазон” сакаат да испратат порака дека нивниот труд не може да биде купен со екстремни попусти, кои компанијата ги нуди во овој период од годината. Тој ја обвини компанијата дека врши „екстремен притисок” врз вработените, поради што некои имаат  здравствени проблеми.

Треба да знаете
Последни објави