Грција во Албанија испраќа мобилни кујни од војската и градежни инженери

По катастрофалниот земјотрес во Албанија, Грција во соседната земја испраќа три мобилни кујни на грчката војска и градежни инженери за регистрација на штетите, јави дописничката на МИА од Атина.

Со специјален лет на грчкото воено воздухопловство за Тирана веќе заминаа мобилните кујни од војската, по телефонскиот разговор и договорот меѓу премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Во 15 часот по локално време, од воениот аеродром во близина на Атина ќе замине специјален тим од 16 градежни инженери од Генералниот директорат за санирање на последиците од природни катастрофи на Министерството за инфраструктура на Грција.

Со истиот авион од Тирана во Атина ќе се врати назад Специјалната единица за справување со катастрофи која во изминатите денови учествуваше во спасувачката акција.

Треба да знаете
Последни објави