Русинка е уапсена на полуостровот Крим поради сомнение за наводен обид да обезбеди руски воени тајни во корист на Украина. На товар ѝ се става и кривично дело издавање на државата, јави РИА Новости, повикувајќи се на Федералната служба за бесбедност. Осомничената е уапсена во кримскиот град Севастопол. Русија го анектира Крим од Украина во 2014 година.