Откриен заговор во Италија, формирале нова нацистичка партија насочена против Евреите, муслиманите и мигрантите

Италијанската полиција откри заговор за формирање нова нацистичка партија и запленила повеќе парчиња оружја за време на претресите извршени низ целата земја.

Истрагата беше покрената пред две години во 16 градови од Сицилија до Алпите, пренесуваат агенциите.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter
Покрај големите количини пиштоли, ловечки пушки и самострели, во претресот беа откриени неонацистички материјали против Евреите, муслиманите и мигрантите.

Во првото соопштение не се наведува колку лица се приклучиле на групата, ниту колку биле уапсени, но полицијата тврди дека групата од Италија воспоставила врски со екстремистички групи во Португалија, Велика Британија и Франција.

Треба да знаете
Последни објави