Безбедносната информативна агенција (БИА) на Србија поднела кривична пријава за лицата Н.К. и Д.Л. поради основано сомнение дека извршиле кривично дело шпионажа. Според соопштението на БИА лицето Н. К. формилао соработничка мрежа за собирање информации и врбување на лица од овие простори за соработка со хрватските правосудни органи.
Според БИА, лицето Д.Л. поранешен припадник на Министерстовото за внатрешни работи на Србија свесно и кришум организирал мрежа за финансиски надомест по налог на припадниците од хрватската безбедносни и политички структури. Тие лица од Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска на територијата на Србија биле ангажирани да собираат информациии кои имале разузнавачки карактер, се вели во соопштението на Агенцијата.
Д.Л. преземал и други активности со кои им помагал на хрватските разузнавачки служби кои биле насочени кон загрозување на националната безбедност, меѓународно-политичките и економските интереси на Србија. Д.Л. бил дел од соработничката мрежа составена од повеќе државјани на Србија која во претходните години ја формирал и користел Н.К. (46 г.) инспектор во одделението за тероризам и екстремно насилство во Вуковарско-сремската полициска управа, како и претседател на Националниот полициски синдикат на Хрватска.