Поранешниот претседател на Бразилската фудбалска федерација Рикардо Тешеира од Светската федерација ФИФА доби доживотна забрана за вршење на работа во фудбалот.
Тешеира, кој во 2012 година си даде оставка, беше член и на извршниот комитет на ФИФА, а од советот за етика на ФИФА е прогласен за виновен, по обвинувањата за земање мито во износ од повеќе милиони долари и тоа во периодот од 2006 до 2012 година.
Освен со суспензијата, 72-годишниот Тешеира е казнет и со 1 милион швајцарски франци, но не се знае како ФИФА може да му ги земе тие пари на Тешеира. Додека тој беше прв човек на бразилската федерација, „кариоките” двапати (во 1994 и 2002 година) станаа светски прваци.