На изјаснувањето на членството во хрватскиот синдикат Препород и на нечленови кои учествуваа во штрајкот спроведен во 383 основни и средни училишта во кои работат ограноците на Препород, 88,03 отсто од оние што се приклучија на изјаснувањето ја отфрлија понудата на Владата на Република Хрватска. Во основните училишта 5793 или 87,43 отсто и 2543 или 89,38 отсто вработени во средните училишта ја одбија понудата на Владата, соопштија денеска од синдикатот.
Соглсно резултатите, членството на синдикатот Препород, денеска, 29 ноември, продолжува со штрајк организиран од училишните синдикати, јавија хрватски медиуми.
Синдикатот на хрватски наставници и синдикатот на вработените во средните училишта ги пребројуваат гласовите, и официјални и конечни резултати ќе објават претпладнево.