ИСИС вечерва ја презеде одговорноста за нападот на мост во Лондон, објавувајќи дека напаѓачот, 28-годишниот Усман Кан е еден од нивните борци.
Усман Кан усмртил двајца, а повредил три лица со убоди со нож, додека носел лажен елек за самоубијци.
Кан се заканувал дека ќе го разнесе Фишмонгерс Хол, каде прируствувал на конференција за рехабилитација и едукација на затворениците во петокот.
Откако избодел пет лица, полицијата го убила на лице место.
Кан, кој во 2012 година бил обвинет за тероризам, а минатата година бил условно ослободен.
– Лицето е познато на властите со оглед на тоа дека веќе било обвинето за кривично дело тероризам. Тој е условно ослободен од затвор во декември 2018 година, а клучно во истрагата е да утврдиме како го извел овој напад, изјави шефот на антитерористичката полиција Нил Базу.
Според „Тајмс”, Кан бил условно ослободен откако се согласил да носи електронска направа за следење на затворениците.