Волф несовладлив за победа на Киелце над Мешков

Ракометарите на Киелце потешко од очекуваното славеа против Мешков Брест со 30-24 во дуелот од десеттото коло на Лигата на шампионите.

Екипата од Белорусија мотивирана од високата победа против Вардар, одлично му парираше на фаворитот во текот на целиот натпревар. Сепак, Андреас Волф блесна и со речиси 50% одбранети удари го реши прашањето за победникот.

Киелце со оваа победа се израмни по бројот на бодови на втората позиција со Веспрем, кој утре гостува во СЦ „Јане Сандански”.

Андреас Волф беше клучната фигура во победата со 16 интервенции, а најпрецизен беше Блаж Јанц со седум голови од исто толку удари. Кај Мешков повторно најдобар беше Вилијам Акамбре со шест голови.

Треба да знаете
Последни објави