Неексплодирана бомба од Втората светска војна е пронајдена на берлинскиот аеродром „Шенефелд“. Експлозивната направа утринава успешно е деактивирана.
„За време на операцијата во раните утрински часови, немаше никакви компликации“, соопштиле од полицијата.
Сообраќајот на аеродромот вчера беше во прекин околу еден час. Бомбата била откриена околу 12:20 часот, за време на градежни активности во близина на пистата.