Партијата за Движење на Турците (ТХП) под мотото „сите заедно, насекаде” продолжува со серијата средби со граѓаните низ целата земја. Денес, под водство на претседателот на партијата Енес Ибрахим и раководството на ТХП беше организирана панел дискусија во Радовиш, каде што се дискутираше за повеќе важни теми.
Во своето обраќање Ибрахим се осврна на долгогодишната, континуирана, тешка борба на ТХП и турците против претходниот режим и додаде дека ТХП и во иднина нема да отстапи од чесната борба за демократско, праведно општество, во кое сите граѓани се подеднакво вреднувани. Ибрахим исто така говореше и за успесите на економското поле, историскиот пораст на просечната и минималната плата, како и придобивките од успешното субвенционирање на земјоделците и сточарите.
На панелот свое излагање имаше и потпретседателот на ТХП, министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, кој ја потенцираше важноста на принципот на “едно општество за сите”, како и за придобивките од евроинтеграциските процеси. Министерот Хасан исто така додаде дека Р.С.Македонија продолжува да бележи одлични економски резултати, сумата на странските инвестиции расте, а граѓаните тоа го чувствуваат и преку своите примања.
Партијата за Движење на Турците во наредниот период продолжува со средбите со граѓани, таргет групи.