Мртов кит бил пронајден на брегот на Темза во Лондон, што е втор ваков случај за два месеца. Станува збор за вид на кит кој може да порасне до 10 метри во должина и да тежи до 10 тона.
Китот бил пронајден под мостот „Батерси“.
Овој вид на кит повремено може да се најде во британските води, а живее и во Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан.
По обдукцијата во лондонската зоолошка градина се очекува да биде позната причината за смртта.