– Во Токио денеска се одржа митинг со барања да се врати „северната територија”, како што во Јапонија ги нарекуваат Јужнокурилските острови Кунашир, Итуруп, Шикотан и Хабомаи.
На митингот, што се одржува секоја година на 1 декември од 1945, учествуваа околу 500 луѓе.
Јапонија претендира на островите Кунашир, Итуруп, Шикотан и Хабомаи, повикувајќи се на билатералниот Трактат за трговија и граници од 1855 година.
Москва инсистира на тоа дека тие острови биле во границите на поранешниот Советски Сојуз врз основа на исходот од Втората светска војна и оти рускиот суверенитет над нив не подлежи на преиспитување.
Советски Сојуз и Јапонија во 1956 година потпишаа Заедничка декларација, со кој Москва се согласи по нов мировен договор да ја разгледа можноста за предавање на островите Хабомаи и Шикотан на Јапонија. Додека островите Кунашири Итуруп не беа тема на преговори.
Јапонија и Русија се уште немаат потпишано мировен договор.