Во Сомбор одржана СРМА-Србија-Македонија Културна активна размена

Во Србија, во Сомбор, во организација на Здружението на Македонците од Западно-бачкиот округ „Пела” и на македонскиот издавачки центар од Панчево-НИУМИЦ, се одржа 4-та манифестација СРМА-Србија-Македонија Културна активна размена.

Во рамките на манифестацијата, во раскошната сала на жупанијата, каде се наоѓа познатата голема слика „Битката кај Сента беше одржана поетска вечер со изведба на музички нумери на гитара на проф.Марко Радојковиќ од Ниш, придружени со изложба на слики со македонски мотиви на сликарот Ордан Трајковски од Обреновац.

Во поетскиот дел на манифестациијата учествуваа-македонската поетеса Јулијана Маринковиќ од Ресен, еминентните писатели од Белград -Радомир Андриќ, Јеремија Лазаревиќ и Искра Пенева, Недељко Терзиќ од Сремска Митровица, поетите од Сомбор-Стојан Бербер, Давид Кецман, Зденка Феѓвер, Миленко Попиќ и од САД Рајко Игиќ.

Премеирно беше емитуван и документарниот филм „Црешовото топче” во продукција на МРТВ.

Во рамките на манифестацијата СРНА, секретарот на македонската амбасада во Белград Драган Митревски му ја додели на српскиот писател Недељко Терзиќ наградата на НИУМИЦ „Македон” за поврзување на македонската и српската култура, а писателот Радомир Андриќ и ја додели книжевна награда „Живко Стојановски” на Јулијана Маринковиќ од Ресен за книгата „Бесконечни Чекори” во превод на српски јазик од Виктор Шеќеровски и Искра Пенева.

На манифестацијата присуствуваа и гости од повеќе македонски здружанија во Србија.

Треба да знаете
Последни објави