По низата силни земјотреси кои ја погодија Албанија, се огласија пејачките Дуа Липа и Рита Ора.
Рита Ора допатува во Албанија, каде на една фамилија ќе помогне при обновувањето на куќата.
https://www.instagram.com/p/B5bD6Wpluw1/?utm_source=ig_web_copy_link
– Им предлагам на оние кои можат да помогнат, да најдат некое семејство, хуманитарна организација или на некој друг начин да помогнат при обнова на куќите на жртвите на катастрофалниот земјотрес. Пејачките на социјалните мрежи го објавија знамето на Албанија и пратија порака на поддршка.
— Скршена сум поради вестите од Албанија. Моето срце и молитви се со Албанците. Ви ја испраќам сета моја љубов во овие тешки моменти, напиша Дуа Липа. Земјотресот на 26-ти ноември беше
најсилниот во изминатите 30 години во Албанија.