Советот за новинарска етика и медијација ќе биде промовиран денес, но истиот предизвикува дебата во Франција, со оглед дека не е јасен периметарот на делување на овој нов орган, јавува дописникот на МИА. Пред Франција 18 18 европски земји веќе имаат создадено таков, (…) тоа е средство за медијација, чекор кој може да биде корисен з да се приближи печатот и новинарите до нивната публика”. Но за жал тој не ги опфаќа социјалните мрежи, кои според специјалистите се претворија во „фабрика за омраза” и лажни вести. Главната идеја за создавањето на овие совети беше токму борбата проти лажните вести, но најголемите дифузери на лажните вести се социјалните мрежи.
За Алексис Левиер, предавач на Универзитетот во Ремс, специјалист по историја на новинарството, функцијата на ова ново тело е „да им овозможи на новинарите да ги подобрат своите практики и да се приближат до јавноста, а не да ги казнува”. Сепак, тој признава дека постои нејаснотија, споменувајќи го тука Високиот аудиовизуелен совет. Имено не е јасно „кој ќе биде периметарот на двет инстанци”. Овој специјалист по историјата на новинарството потсетува дека овој совет „не е поврзан со државата”, и дека за неговото финансирање ќе придонесуваат и новинарите.
Во Франција се повеќе и повеќе расте недовербата он класичните медиуми, посебно од почетокот на мандатот на претседателот Емануел Макрон и движењето на жолтите елеци.