Гигс му го забрани голфот на Бејл за време на ЕП 2020

Менаџерот на Велс, Рајан Гигс му забрани на напаѓачот Герет Бејл да игра голф на Европското првенство во 2020 година, изјави Џонатан Форд од Фудбалската асоцијација на земјата.

– Рајан јасно стави до знаење дека ние во основа треба да се фокусираме на фудбалот. Голфот нема да биде на мојот список кога ќе ги проценам можните локации за кампот. Не можете да се најдете во ситуација кога тимот има играчи кои го ризикуваат своето здравје за голф. Јас ценам дека некои луѓе гледаат на тоа поинаку. Не можете да тренирате цел ден, мора и да се забавуваш, изјави Форд за „Тајмс”.

Тимот на Велс ќе се соочи со Италија, Турција и Швајцарија во групната фаза на ЕП 2020.

Треба да знаете
Последни објави