Во тек е голема полициска акција за апсење на лицата кои учествуваа во престрелката во хотелот „Александар Палас“.
Полициската станица Карпош е под опсада. Сите приоди до неа се блокирани од страна на специјалци со маски и со автомати.
Секој автомобил што ќе помине го осветлуваат рефлектори.
Пред два дена во хотелот „Александар Палас“ во Скопје имаше пукање од огнено оружје.