Ева Лонгорија во неделата објави фотографија од нејзиниот син Сантијаго како си игра со своето панда мече.
На сликата, 17-месечниот Сантијаго главата ја потпира на црно-бела кадифена панда.
Sunday Mood (неделно расположение) им напиша Ева на Инстаграм профилот на своите приближно 7,4 милиони следбеници.
Кинеското мече веројатно му е најомилено на Сантијаго, а во позадината се гледа и поголема џиновска играчка панда.
Ева и сопругот Хозе Антонио ’Пепе’ Бастин го добија Сантијаго во јуни 2018 година.
Ева и Хозе се запознаа на состанок на слепо во Мексико Сити а се венчаа во мај 2016 година во Мексико.
Ева е најпозната по улогата Габриел Солис во серијалот на Еј-Би-Си „Очајни домаќинки“ што се прикажуваше од 2004 до 2012 година.