Еурофарм Работник се подготвува да се одјави пред своите гледачи со триумф над ППД Загреб

Македонскиот дебитант во ракометната регионална СЕХА-лига, Еурофарм Работник, во групата Б, утре (17.15 ч.) пред своите навивачи ќе го пречека тимот на ППД Загреб во спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола. Битолските „фармацевти” со респект ќе го пречекаат хрватскиот шампион кој иако е фаворит во оваа пресметка, сепак со поддршка на публиката може да се победи, порачаа на прес конференција во Битола тренерот Божидар Мојсов и голманот Градимир Чаневски.
– Ќе се сретнеме со млада и мотивирана екипа. Очекувам тежок и неизвесен натпревар, но верувам дека нашите ракометари се подготвени за уште еден одличен настап и победа над ППД Загреб и Веселин Вујовиќ, изјави тренерот Мојсов.
Според голманот на „фармацевтите“ Градимир Чаневски, годинешните меѓународни настапи во Битола ќе ги завршат со победа за радост на спортската публика.

Треба да знаете
Последни објави