– Израелскиот врховен обвинител Авихај Манделблит денеска официјално поднесе обвинение против премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сега има на располагање 30 дена да бара имунитет.
Долгогодишниот израелски лидер е обвинет за поткуп, измама и злоупотреба на довербата во три одделни корупциски случаи. Поднесеното обвинение е на 77 страници.
Тоа е првпат во историјата на Израел, актуелен премиер да биде обвинет за криминал.
Во Израел постои политички застој по вторите одржани избори оваа година, на кои нема конкретен победник и не се очекува Нетанјаху да побара или добие парламентарен имунитет од кривично гонење.
Во обвинението е наведено дека ќе му се суди во Окружниот суд во Ерусалим, а се напишани и имињата на 333 сведоци, кои главниот обвинител би можел да ги повика да сведочат.
Нетанјаху демантира дека направил нешто лошо и ги отфрла повиците да поднесе оставка.