Тренерот на Голден стејт, Стив Кер ги сподели своите импресии од натпреварот со Орландо меџик (96:100). Тој се надева дека тимот што е можно поскоро ќе излезе од кризата.
Голден Стејт во досегашниот дел од сезоната има четири победи и дури 17 порази.
-Имавме добар натпревар. Се чувствува прогрес во играта, но тоа се уште не е доволно. Се надевам дека со напорна работа ќе дојдат и резултатите. Напредок е видлив во споредба со почетокот на сезоната. Ќе ја надминеме најтешката фаза во која се наоѓаме, изјави Кер.
Голден стејт е финалист минатата сезона во НБА лигата и шампион од пред две години.