Вишото јавно обвинителство не го прифатило барањето на првоосомничлениот со „Случајот Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 мерката притвор во затворот во Шутка да му биде заменета со куќен притвор. На барањето од одбраната на Боки 13 за поблага мерка, куќен притвор има негативно мислење кое до судот било доставено уште во петокот, пренесува „Фокус“ според информација од Обвинителството.
За негативното мислење од обвинителството, но и за барањето на одбраната на Боки 13, денеска зад затворени врати треба да расправа Апелациониот суд и да донесе одлука, но дали тоа ќе се случи останува неизвесно бидејќи дел од членовите на советото имале закажани судења.
Боки 13 откако неколку дена беше во болницата „8-ми Септември“ поради здравствени причини е вратен во истражното одделение во затворот Шутка, каде ќе го чека утрешниот почеток на судењето за Рекет во Кривичниот суд Скопје.
Покрај Боки 13, на обвинителната клупа во судот ќе седната и Зоран Милески Кичеец, како и поранешната шефица на Специјалното обвинителство, Катица Јанева, кои веќе добија поблаги мерки куќе приотвот по времето помината во Шутка.