Отстранувањето на нуклеарните остатоци на Фукушима започнува во 2021 година

Владата на Јапонија го претстави ревидираниот план за отстранување на стопениот нуклеарен отпад од нуклеарната централа Фукушима Даичи, чија реализација ќе започне во 2021 година.

Се наведува дека тоа е процес за кој се вели дека е најголемата пречка при расчистување на девастираниот објект, пренесува „Кјодо“.

Нуклеарната централа Фукушима претрпе големи штети во земјотресот во 2011 година и цунамито што ја погоди Јапонија, а три реактори потоа се стопија.

Според владиниот среднорочен и долгорочен план, работата за отстранување на отпадот треба да започне во реакторот број два, во кој се вели дека до 2031 година треба да се заврши отстранувањето на 4.741 шипки за гориво што останале во базенот.

Треба да знаете
Последни објави