Бранови од бела пена ја прекрија плажата Марина во Ченаи, Индија, во текот на викендот, а како што забележуваат локалните медиуми, поради тоа децата пронашле посебна причина да играат покрај морето.
Сепак, извештаите велат дека пената е токсична и дека е создадена како резултат на загадувањето што доаѓа од канализацијата.
Пената се очекува да се повлече за неколку дена.