Потребно е природата само малку да си поигра со боите и да претстави нереално убави сцени пред очите на луѓето.
Едно од ваквите ремек-дела на природата се шарените карпи на планинскиот венец во геопаркот Жангеј во северозападна Кина во провинцијата Гансу. Необичните бои на карпите се резултат на црвениот песочник и минералните слоеви во нивната структура.
Планина со слични бои постои и во Перу, и се вика Виникунка односно Планина на виножито, а се наоѓа во близина на градот Куско. Минералошкиот состав кој е присутен на падините на оваа планина создава седум бои кои на површината се манифестираат наизменично во траки.
Во Аризона има област во која се наоѓаат карпите познати како Бран затоа што ерозијата низ вековите ги направила да изгледаат како разбранувано море.
Ова необично место го посетуваат многу фотографи, фасцинирани од нијансите на бои што прво може да се забележат со голо око, а потоа и разликата во спектарот кој е видлив на фотографиите.