Италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи нема победено на осум меча во низа на сите натпреварувања. Последниот праз на Наполи од Болоња (1:2) пред своите гледачи го налути тренерот Карло Анчелоти кој одлучи да ги пикне фудбалерите во карантин. Претходно претседателот Аурелио Де Лаурентис се обиди со оваа мерка да ги разбуди тимот, но неговата одлука беше бојкотирана од играчите, за што добија парични казни.
Фудбалерите на Наполи чиј член е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе бидат во карантин до натпреварот со Удинезе. Фудбалерите утре ќе тренираат и ќе си заминат дома, но по тренингот в среда ќе останат во тренинг центарот и таму ќе престојуваат се до мечот со Удинезе.