Во центарот на Киев, засега непознати напаѓачи пукале кон автомобилот на пратеник, при што е убиен неговиот тригодишен син.
Според полициски извори, автомобилот „ренџ ровел” го управувал Вјачеслав Собољев, бизнисмен и пратеник на регионалниот совет.
Украинското Министерство за внатрешни работи на Фејсбук објави дека „по ранувањето, детето починало во возилото за брза помош, на пат кон болницата”. Министерството засега не објави кој е сопственикот на автомобилот, ниту идентитетот на жртвата.