Берлин поддржува задржување на прозорецот за дијалог со Русија во согласност со постојните политики на НАТО, посочи Нилс Ан, министер за државни работи во германското Министерство за надворешни работи, пренесува „Спутник“.
„НАТО ја држи својата рака испружена кон Русија. Во рамките на постојните одлуки на НАТО, Германија го подддржува прозорецот за дијалог со Русија и се залага да ги направи разговорите значајни. Но и Русија треба да придонесе за тоа“, рече тој.
„Русија и Договорот за нуклеарни сили со среден опсег ќе бидат тема на дискусија на самитот на Алијансата денес и утре во Лондон,“ изјави шефот на НАТО, Јенс Столтенберг .
Тој исто така истакна дека Русија не е непосредна закана за кој било член на блокот, туку е предизвик за алијансата.
И покрај тоа, многу земји постојано ја наведуваат наводната руска закана како изговор да ги зголемат своите воени трошоци или да ја искористат идејата за други внатрешни проблеми.
Во исто време, Москва изрази загриженост за проширувањето на НАТО на исток како и за плановите за развој на воена опрема наменета за вселената, што може да доведе до нова трка во вооружувањето.