Две деца беа убиени во неделата пред дом во Минеаполис, а според непотврдени информации, можно е осомничениот маж да држи некого заложник.
Засега не е познато на која возраст биле момчињата, но полицискиот портпарол Џон Елдер рече дека тие „сè уште не биле тинејџери“.
Според него, момчињата веројатно играле во снегот пред куќата кога, нешто по 10 часот по локално време, напаѓачот пукал кон нив.
Елдер изјави дека полицијата верува оти има повеќе луѓе во куќата и дека се чини оти станува збор за заложничка ситуација.
Тој додаде дека полицајците кои ги пронашле телата на момчињата слушнале истрели во близина, пренесува АП.
Порталот „МПР њуз“ известува дека преговарачи пристигнале на местото на настанот, но дека досега никој од куќета не се огласил.