– Европската комисија започна да проверува како Фејсбук и Гугл ги употребиваат лични податоци на граѓаните на ЕУ, кои се нивни корисници.
Портпаролот на Еврокомисијата соопшти дека прашалници биле испратени до двата интернет гиганти.
„Проверката се однесува на тоа како се собираат податоците на граѓаните, како се чуваат, како се користат и кој дел се користи за генерирање приходи од рекламирање”, велат од ЕК.
Испраќањето на прашалник може да биде првиот чекор во целокупната истрага на ЕК.