Американската технолошка компанија Xfinit пред неколку дена ја објави својата божиќна реклама која само на Јутјуб веќе ја виделе повеќе од 10 милиони луѓе.
Во рекламата се појавува Е.Т., омилениот вонземјанин од истоимениот филм на Стивен Спилберг од 1982 година.
Е.Т. после 37 години се враќа за да го посети својот пријател Елиот за празниците. Додека е на Земјата, дознава дека Елиот има семејство, а технологијата на нашата планета целосно се сменила.
Емотивната божиќна реклама за само неколку дена освои милиони гледачи, а посебно ги израдува љубителите на класикот на Спилберг