– По рекорден шести пат, Лионел Меси ја освои „Златната топка” за Најдобар фудбалер за 2019 година. Во анкетата на „Франс Фудбал”, аргентинскиот гениј го совлада Вирџил ван Дајк.
Меси веќе го доби трофејот во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година, а сега го наследува од Лука Модриќ. Најголемиот кандидат на Лео во последните 10 години, Кристијано Роналдо, заврши на третото место. Сепак, Португалецот не присуствуваше на церемонијата во Париз, откако избра да остане во Италија за доделувањето на Калчо наградите.
Меси цел ден беше во центарот на вниманието и сè навестуваше дека тој ќе биде број 1. Вчера се појави слика со наводните резултати, според кои тој навистина беше на врвот. Сепак, тие се покажа невистинити, бидејќи позициите на другите играчи не се совпаѓаат.