Утре под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.