Маурисио Почетино потврди за аргентинските медиуми дека неговата желба е веднаш да се врати во професијата. 47-годишниот стручњак го напушти Тотенхем, откако беше отпуштен минатиот месец, по пет години години на чело на „петлите”.
После заминувањето, Почетино отпатува во родната Аргентина за да гледа натпревар на неговиот прв клуб Њуелс Олд Бојс во неделата.
– Сега има толку многу тимови и привлечни проекти. Најважната работа за мене сега е да го расчистам умот откако поминав повеќе од пет и пол години во Тотенхем. Мојата цел е да ги наполнам батериите брзо и да ја вратам мојата мотивација. Сакам да се вратам како тренер час поскоро. Тешко е да се замисли проект во Аргентина. Сега ми треба малку мир на умот и ќе видиме што ќе се случи. Мојата прва одлука беше да се вратам во Аргентина да го посетам мојот дом и да ги видам моето семејство и пријатели. Очекувам да се вратам во Европа наскоро и да донесам одлука. Најдоброто нешто сега беше да се дојде во Аргентина за десет дена. На моја возраст, не ми треба многу време за да се опоравам и сум отворен за предлози, призна 47-годишниот тренер.
Почетино е сериозно поврзуван за преземањето на функцијата во Манчестер Јунајтед, откако Оле Гунар Солскјер е под голем притисок по само четири победи во Премиер лигата од почетокот на сезоната.