Денеска излегоа во неколку медиуми лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат за промена на името на општинското основно училиште Петар Здравковски – Пенко.
Пред да ширите лажни вести, Ве повикувам да ги видите сегашните услови на учениците во споредба со вашето владеење и таму во холот на училиштето ќе ја видите и бистата на Петар Здравковски – Пенко која беше отстранета поради градежни зафати и истата ќе биде поставена на истото место.
А, што се однесува до таблата, нарачана е нова светлосна табла и истата ќе биде наскоро поставена.
Би сакал да ве потсетам дека во само две години како градоначалник на општина Бутел, Пенко е целосно рекоструиран, а, поради тоа што не знаете ќе ви набројам неколку зафати:
✓ Асфалтирано е платото пред училиштето,
✓ Комплетно е реновирана филскултурна сала.
✓ Променети се старите со нови ПВЦ прозорци
✓ Заменети се старите врати од училниците
✓ Комплетно се реконструирани санитарните јазли во училиштето
✓ Поставен е нов ламинат
✓ Поставени се интерактивни табли
✓ Набавени се нови реквизити за реновираната фискултурна сала идр.
До кога ќе креирате лажни вести за Бутел. Знам дека Ве боли што Бутел се гради, додека Вие ја уништувавте и назадувавте општината во изминативе 12 години.
ФБ статус на Велимир Смилевски