Нови статутарни промени и програмски документи ќе има во ДУИ по четвртиот конгрес на 21 декември, за кои и денес се разговораше на седница на централното претседателство на партијата што се одржа во седиштето во тетовска Мала Речица. Според замислите на раководството, согласно статутот ќе има нови три партиски тела.
– Станува збор за формирање на Национален совет, партиска изборна комисија која ќе работи постојани за избор во сите органи на партијата. Предвидено е да има и постојан конгрес кој ќе го претставуваат една третина од членовите делегирани од ограноци кои ќе работат до секој нов конгрес и по конгресот за да биде долговечноста на ДУИ, изјави Артан Груби од раководството на ДУИ.
Сите овие документи ќе бидат дадени на ограноците, но и поширока експертска јавноста.
– Сакаме да се чујат мислења, сите добиени информации од јавната дебата, како што се забелешки од ограноци и експертската јавност да се инкорпорираат во предлог резолуции на 4-тиот конгрес,рече Груби.
На новинарските прашања за ветингот и политичката одговорност Груби посочи дека ДУИ има идеја за двостепено спроведување со соодветен закон.
-Ветингот е најдобро можно решение, ДУИ како пионер на оваа тема за правда и правдина смета дека е неопходен закон. Првостепен ветинг е со цел да се провери интегритетот на лице со јавна функција, па доколку се утврди дека нешто не е во ред тогаш второстепен ветинг, да нема лов на вештерки туку да знаеме што правиме и што сакаме да постигнеме, рече Груби.
Прашан кој е ставот на ДУИ во однос на автенитчното толкување на член 11 од Законот за помилување Груби рече, дека воопшто не било разговарано околу тоа прашање.
– Останува тоа прашање да се дебатира во Собранието како и во Уставен суд. Лично сметам дека е дојдено време политиката што помалку да се меша во судството и судството што помалку да се меша во политиката и сите да си ја вршат својата работа согласно Уставот и согласно законот. Сметам дека треба да има одговорност за сите тие што згрешиле по законот, изјави Груби.
Во Собранието, посочи Груби, секако дека ќе се разговара, ќе се дебатира и на крајот ќе се гласа.