Интегрален текст од соопштението на ФРОДЕМ
„Пред три дена на една од српските телевизии (Тв Српски колектив – национална јутјуб телевизија) претседателот на Републиканската партија на Србија, г-дин Никола Сандуловиќ, изнесе информација дека Груевски е уапсен во Унгарија, а дека премиерот Заев нема храброст да побара негова екстрадиција?.
ФРОДЕМ јавно го прашува премиерот дали оваа информација е точна и доколку е точна зошто Министерството за правда односно министерката Дескоска досега не побарала негово испорачување?. Второ, доколку информацијата не е точна премиерот Заев има обврска оваа вест енергично да ја демантира бидејќи истата внесува немир и се поголема недоверба кај граѓаните во институциите на системот и сомнеж дека власта свесно не сака да го врати бегалецот од Будимпешта.
Сакаме да го потсетиме премиерот Заев, дека Никола Сануловиќ е сериозен политичар кој бил во највисокото раководство на Демократската партија на Србија и близок соработник на убиениот премиер Џинџиќ, кој сигурно нема да си дозволи јавно да говори и да изнесува информации кои не се сигурни и претходно проверени. Дополнително, истиот тој Сандуловиќ заедно со претседателот на Републиканската партија на Косово Фатон Курти се едни од најголемите лобисти кај меѓународната заедница Зоран Заев да стане премиер на Република Македонија.
Јавноста мора да дознае дали оваа информацијата е точна или не, бидејќи се работи за интерес на нашата држава осудените и пребегани политичари да бидат вратени, да си ја отслужат казната и да одговараат за другите дела за кои се обвинети. Второ, јавноста мора да знае што е точно, а што не, бидејќи на тој начин ќе се потврдат или демантираат сите гласини или евентуални шпекулации за наводниот договор помеѓу власта и Груевски за неговото бегство во Будимпешта.
За надлежните органи кои го истражуваа бегството и кои за жал се под директна контрола на власта досега никој не е виновен и никој нема да сноси одговорност. Овие теледиригирани обвинители и истражители сигурно дека не смеат да ја откријат вистината бидејќи таа не и одговара и на власта и на опозицијата чиј лидер во сенка е бегалецот Груевски. Но, едно е јасно и сигурно. Бегството не можело да се случи доколку не постоело триото Груевски – Вучиќ – Орбан со знаење и соработка на нашите високи политички и полициски власти.
Премиере Заев јавноста чека одговор од Вас.“