Штрајкот во училиштата во Хрватска продолжува и денеска откако по маратонските преговори, не е постигнат договор меѓу претставниците на синдикатите за образование и хрватската Влада.
Претседателот на Независниот синдикат на вработените во средните училишта Бранимир Михалинец изјави дека преговорите ќе продолжат денеска.
Набргу потоа беше објавено дека заради продолжување на преговорите, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го откажал учеството на Конференцијата за климатски промени на ОН во Мадрид.
Во изјавата, Михалинец не откри детали за синоќешните преговори, што траеја шест и пол часа, но само кратко рече дека е заклучено дека „потребно е малку повеќе време да се разговара” и дека „преговорите се очекува да завршат утре”.