Град Скопје ќе поднесе кривична пријава против фирмата на која вчера ѝ истече солна кисела во кругот на поранешната фабрика Металски завод Тито (МЗТ). По контролата која синоќа ја направиле инспекторите за животна средина од Град Скопје, констатирано било дека фирмата не поседува елаборат за заштита на животна средина.