БиХ извезе оружје во вредност од околу 161 милиони конвертибилни марки во првите десет месеци од оваа година, додека увозот на оружје беше околу 13 пати помал и изнесуваше околу 12 милиони конвертибилни марки. Тоа го нагласи Управата за индиректно оданочување на БиХ (УИО) .
Најголем дел од оружјето беше извезено во Саудиска Арабија, што претставува повеќе од 32 отсто од вкупниот извоз, или околу 52.741.000 КМ, додека втора на списокот на земји е Египет, каде е извезено оружје во вредност од околу 43 милиони КМ.
Мароко е на трета држава на списокот каде извозот на оружје бил околу осум милиони КМ додека во Авганистан извозот е во вредност од 7,8 милиони КМ, соопшти УИО. Кога станува збор за увозот, БиХ увезува најмногу оружја од Италија во вредност од 3 милиони КМ, како и од Германија, околу 1,3 милиони КМ. Вредноста на оружјето увезено од Словенија во БиХ е околу 1.315.000 КМ, додека оние увезени од Чешка вредат 1.127.000. Оружјето увезено од Србија е во вредност од околу 965.000 марки.