Дончиќ и Далас ја прекинаа победничката серија на Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс во натпреварот влезе со десет победи по ред, но таа серија запре благодарение на одличната партија на Лука Дончиќ и неговите соиграчи. Голем удел во победата имаа резервистите на Далас кои по фуриозниот почеток на домаќините усепаја да фатат приклучок и да ја одржат минималната разлика.
Клучна за победата беше третата четвртина која Далас ја доби со 35:17. Во последниот период гостите го контролираа резултатот и не им дадоа на Лејкерс да се понадеваат на нова победа.
На Лука Дончиќ му недостасуваше само еден скок за трипл дабл, имаше 27 поени, десет асистенции и девет скока. Во составот на Лејкерс Ентони Дејвис имаше 27 поени и десет скока, Леброн Џејмс 25 поени, девет скока и осум асистенции.

 

Екипата на Лос Анџелес клиперс ја забележа 15.победа оваа сезона во НБА лигата, откако ноќеска на дуелот во „Стејплс центар” го совладаа тимот на Вашингтон визардс со убедливи 150:125.

Најефикасни во победничкиот тим беа Каваи Ленард со 34 и Пол Џорџ со 31 поен.

Резултати:
Бруклин – Мајами 106:109
Минесота – Мемфис 107:115
Њујорк – Бостон 104:113
ЛА Лејкерс – Далас 100:114
Детроит – Сан Антонио 132:98
Њу Орлеанс – Оклахома 104:107
Орландо – Голден стејт 100:96
Торонто – Јута 130:110
ЛА Клиперс – Вашингтон 150:125
Треба да знаете
Последни објави