Главниот извршен директор на Интер, Џузее Марота сака да го задржи Лаутаро Мартинез во составот, но предупреди дека пазарот е „непредвидлив”. Мартинез веќе има 13 гола за италијанскиот тим во сите натпреварувања, откако во неделата го постигна и победничкиот гол против СПАЛ, кој го одведе тимот од Милано на врвот во пласманот.
– Лаутаро е добро момче. Тој е благодарен на Интер и се чувствува добро тука. Интер и „Сунинг” имаат една цел – да се подобрат, а за да се подобрите, не можете да се разделувате со вашите најдобри играчи. Сега не е време да зборуваме за трансфери и обновување на договорите. Пазарот на трансфери е непредвидлив, изјави тој денеска на Собранието на Серија „А”.
Поранешниот шеф на Јувентус, исто така, го коментираше влијанието на Антонио Конте во клубот, откако „нероазурите” се лидери во пласманот за прв пат по десет години.
– Јас многу добро го познавам Антонио и знам каков одличен професионалец и сериски победник е. Ние се разбираме многу добро. Играчите јасно ги разбираат неговите барања, дури и искусните како Борха Валеро. Интер нема многу големи имиња на прв поглед, но имаме многу играчи со неверојатни квалитети, призна Марота.
Лаутаро и Ромелу Лукаку се вклучени во 60% од головите на Интер оваа сезона, а шефот верува дека ова дека ова е хемијата која му е потребна на тимот.
– Нивната синхронизација е одлична. Од друга страна, тренерот има многу вина за да можат да го прават тоа пред голот. Во исто време, Ромелу и Лаутаро се одлични пријатели, што е многу добро за тимот, заврши шефот на Интер.