Три лица загинаа кога се урна мал авион додека се обидувал да слета на меѓународниот аеродром „Сан Антонио“, јави АП.
Началникот на противпожарната служба Чарлс Худ изјави дека авионот се урнал на околу еден и пол километар западно од аеродромот.
Авионот полетал од Шугарленд, недалеку од Хјустон и требало да замине во Берн, но пилотот, поради проблеми со моторот, побарал дозвола да слета во Сан Антонио. Никој не е повреден на местото на падот на авонот, соопшти локалната полиција.