Преку ноќта беше ведро и студено со температури насекаде под нулата. Во утринските часови насекаде облачноста се зголеми. Во повисоките севроисточни подрачја дуваше слаб до умерен источен ветер.
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.