Спортски Федерации: MOK бега од обрската да им дозволи на Олимписките спортови сами да одлучат за својот спорт

Македонските Спортските Федерации тврдат дека Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) бега од обврската на претставниците на Олимписките спортови да им дозволи сами да одлучуваат за нивниот спорт.

Во саботата спортските федерации кои се на програмата на Олимписките игри одржаа состанок на кој главна тема беше заземање став и носење заклучок по однос на нивното барање упатено до (МОК) за конечна промена во Статутот, со што истиот би се усогласил со Олимписката повелба.

Од таму велат дека МОК, чиј претседател е Васил Тупурковски, бега од обврската на претставниците на Олимписките спортови да им дозволи сами да одлучуваат за нивниот спорт и го пренесуваат текстот на повелбата кој гласи:

„МНОЗИНСТВОТО ОД ГЛАСОВИТЕ во рамки на еден национален олимписки комитет и неговото извршно тело СЕ СОСТОИ од гласовите кои произлегуваат од НАЦИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ (од олимписките спортови) наведени во точка или нивни претставници. Кога се работи за прашања кои се однесуваат на Олимписките игри, ПРЕДВИД СЕ ЗЕМААТ САМО ГЛАСОВИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ТАКВИТЕ НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ И НЕГОВОТО ИЗВРШНО ТЕЛО“, се наведува во текстот.

Според Македонските Спортски Федерации, МОК бега од Олимписката повелба, иако се нарекува, Олимписки комитет.

„Меѓународниот комитет ќе ја суспендира Македонија. Но не заради барањата на спортистите, туку заради твоето 30 годишно криење позди нив, заради твоето бегање од обврските кои ти си ги превземал пред 30 години, и се уште глумиш дека ќе ги исполниш, а во себе се надеваш дека барем уште 30 години ќе тераш на истиов начин“, му порачуваат спортските федерации на претседатлот Тупурковски.

Тие исто така подвлекуваат дека од 204 национални Олимписки комитети во целиот свет, 203 ја почитуваат Олимписката повелба и ги утврдиле нејзините одредби во своите Статути, а земјава е единствената во која Националниот Олимписки комитет и после 30 тина години и натаму вели: „Не за Олимписката повелба“.

 

Треба да знаете
Последни објави