Џенифер Гарнер и Бен Афлек купуваат новогодишната елка заедно со децата

Тие беа видени во напната сцена во јавност минатиот петок.

Но, на 14-тиот роденден на нивната ќерка Вајолет во неделата, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се вратија во соживот и повторно беа семејство дента.

Поранешниот брачен пар со себе ги зедоа трите деца и отидоа да купат новогодишна елка во Лос Анџелес.

Но и покрај убавата прошетка, и Бен и Џенифер изгледаа мрачно додека шетаа заедно со своите деца, и мајката на Бен, Кристин Ен Болдт.

Покрај славеницата Вајолет, заедно со поранешната двојка беа видени и 10-годишната Серафина и седумгодишниот Семуел.

Минатиот петок, на Денот на благодарноста кој што го поминаа заедно,  поранешните сопружници имаа жестока расправија пред домот на Џенифер. Потоа папараците ја забележаа кога го возеше својот поранешен сопруг во неговиот Ренџ Ровер до хотел во близина на Санта Барбара.

Сепак, до недела утрото, Џенифер ги возеше Бен и нивните три деца до црквата која често ја посетуваат.

Џенифер и Бен се венчаа во 2005 година, се разделија во 2015 година, а разводот траеше толку долго што имаше гласини дека повторно ќе бидат заедно.

Бен, кој е голем зависник на алкохол, беше на рехабилитација повеќе пати, последен пат во втората половина на минатата година, наводно, на инсистирање на Џенифер.

 

Треба да знаете
Последни објави