Ангела Меркел ќе биде третиот германски канцелар што го посетил најголемиот нацистички логор Аушвиц. Нејзината посета на Аушвиц, кој се наоѓа на територијата на Полска, планирана е за време на одбележувањето на 75 години откако Советската армија ги ослободи затворениците.
Посетата на Меркел е во периодот на пораст на антисемитизмот во Полска и во Германија.
– Таквата посета е посебно важен сигнал за вниманието и солидарноста, во време кога преживеаните од Аушвиц се мета на антисемитски навреди и пораки со омраза, изјави Кристоф Хјубнер од Меѓународниот комитет за Аушвиц.
Предвидено е и Германија да донира 60 милиони евра за Фондацијата Аушвиц-Биркенау, која одбележува десет години од формирањето.
Меркел при посетата на Аушвиц ќе биде придружувана од полскиот премиер Матеуш Моравецки и преживеаните луѓе од логорот. Исто така е предвидено германската канцеларка да положи цвеќе во соседниот логот Биркенау.
Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц на 27 април 1945 година, а таму затекна околу 7.000 затвореници.