Еден од водителите на свечената церемонија во Париз организирана по повод доделувањето на „Златаната топка“ од старана на угледниот „Франс фудбал“, Дидие Дрогба откри интересна приказна што му се случила пред 10 години. Тогашниот играч на англискиот премиерлигаш Челзи бил замолен да му даде автограм од детето Килијан Мбапе, сега голема фудбалска надеж во светот.
-По мечот Челзи и Барселона, во кој ние бевме елиминирани, јас бев нервозен и не му дадов автограм на едно дете кое ме замоли за такво нешто. По извесно време сфатив дека тоа дете било Мбапе. И сега ја исправам грешката, ќе му дадам автограм и ќе направиме заедничко селфи- откри Дрогба, поранешниот фудбалер на Челзи и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.